Назад во Новости

Соопштение за јавност – ББ 2019

16.05.2019

ОТВОРЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ТРЕТАТА ЛЕТНА ШКОЛА „БИДИ БАНКАР“ НА ОХРИДСКА БАНКА СОСИЕТЕ ЖЕНЕРАЛ

 

    Во јули годинава, по трет пат ќе се одржи летната школа „Биди Банкар“ на Охридска банка Сосиете Женерал отворена за студентите во завршна година на додипломски, или постдипломски студии.

    Охридска банка Сосиете Женерал го отвори повикот за учество на летната школа „Биди Банкар“, која и ова лето ќе се одржи во Охрид. Летната школа „Биди Банкар“ е проект на Банката отворен за студентите од сите факултети во последна година од додипломски, или постдипломски студии.
Оваа уникатна летна школа која е единствена во рамки на банкарскиот сектор во земјата, нуди интензивна програма составена од реална практична работа, настава, тематски предавања, работилници за студија на случај, работа во секторите на Охридска банка Сосиете Женерал, a овозможува и предавања од врвни банкари, докажани професионалци од реномирани компании, како и интеракција, забава и натпревар.

Како општествено-одговорна компанија, Банката ја создаде летната школа „Биди Банкар“ за да понуди едно ново искуство на сите заинтересирани млади за банкарското работење, а со тоа да им овозможи практична едукација од прва рака и да ги подготви со најбараните вештини на пазарот на труд.

Во изминатите 2 години школата ја посетија дваесетина учесници, од кои 10 се вработени во Банката, а останатите станаа дел од реномирани компании во Македонија.

Оваа година, школата ќе се одржи од 1 до 26 јули во Охрид. Трошоците за храна и престој за времетраењето на летната школа ги подмирува Охридска банка Сосиете Женерал.
Сите заинтересирани студенти кои се во завршната година од студиите можат можат да аплицираат на веб страницата https://bidibankar.mk/ со потполнување на онлајн форма за апликација најдоцна до 31 мај, 2019 година. По завршување на периодот за аплицирање, Банката ќе изврши тестирање на пријавените кандидати и ќе одбере 10 студенти кои ќе учествуваат на Третата летна школа „Биди Банкар“.

 

    За Охридска банка Сосиете Женерал

 

Охридска банка Сосиете Женерал е универзална банкарска институција која припаѓа на една од најголемите финансиски групации во светот – групацијата Сосиете Женерал. Со повеќе од 146.000 вработени, со присуство во 66 земји, Групацијата Сосиете Женерал опслужува 31 милион клиенти низ целиот свет повеќе од 150 години. Охридска банка Сосиете Женерал функционира според високите стандарди на Сосиете Женерал, почитувајќи ги четирите главни вредности на Групацијата: тимски дух, иновација, посветеност и одговорност. Основната стратегија на Охридска банка Сосиете Женерал е постојаното унапредување на квалитетот на извршувањето на банкарските услуги и нејзината целосна посветеност да ги задоволи потребите на своите клиенти. Преку своето седиште во Скопје и широката мрежа од 27 експозитури на територијата на Македонија, Охридска банка Сосиете Женерал има за цел да биде поим за банкарски односи, препознатлива на пазарот, блиска до клиентите, избрана поради својот квалитет и посветеноста на нејзините тимови. Охридска банка Сосиете Женерал во 2016 година е носител на три награди во категоријата „Најдобра банка во Македонија“ од трите најважни банкарски авторитети – „Global Finance“, „Euromoney“ и „The Banker“ и носител на наградата „Најдобра банка во Македонија“ во 2017 година од „Global Finance“ и „Euromoney“.

    Во 2018 година, банката повторно ја доби наградата за Најдобра банка во Македонија, според познатиот магазин „Global Finance“. Во 2019, Охридска банка Сосиете Женерал по четврти пат го понесе признанието на „Global Finance“ за Најдобра банка во Македонија.

 

 


Сподели: