Аплицирањето за летната школа Биди Банкар е едноставно, преку пополнување на онлајн форма во полето Аплицирај на www.bidibankar.mk
За сите редовни студенти на додипломски или постдипломски студии во последна година од студиите.
Не се плаќа за учество на летната школа Биди Банкар. Трошоците за сместување и храна ги покрива Охридска банка Сосиете Женерал
Летната школа Биди Банкар се одржува во периодот од 01 до 26 јули во Охрид.
Летната школа е конципирана во најголем дел со практична настава проследена со тематски предавања на различни теми.
Учеството на Летната школа Биди Банкар на секој учесник му нуди дедицирана практична настава каде одблиску се учат основните процеси на банкарското работење, работно искуство во високо професионална атмосфера, деловно однесување, подобрување на личните вештини во домен на кариерен развој, дружење, забава и создавање на нови можности за понатамошен професионален успех.