Летна школа биди банкар

Искористете го ова лето за едукација, стекнување практични вештини, учење на тајните за успех на врвните професионалци и секако, забава.

Охридска банка Сосиете Женерал со особено задоволство ве поканува да аплицирате и да бидете дел од Третата летна школа „Биди Банкар“, која ќе се одржи во период од 1 до 26 јули 2019 година во Охрид.

Право на учество имаат сите студенти кои се последна година на додипломски студии или студенти на постдипломски студии од сите факултети.

Аплицирањето се врши во делот Аплицираj најдоцна до 31 мај 2019 година.

Програмата вклучува:

  • интензивна практична настава
  • тематски предавања од различни области
  • работилници за студија на случај (case study)
  • предавачи од реномирани компании
  • забава, интеракција, натпревар, дружење.

Изборот на учесници на летната школа ќе се изврши по завршување на периодот за Аплицирање, врз база на процес кој се состои од две значајни фази, (чии датуми ќе бидат објавени по завршување на периодот за аплицирање), а тоа се:

  • тестирање на пријавените учесници (тестирањето се спроведува во две насоки, и тоа: познавања од банкарството и тест за познавање на англиски јазик)
  • анализа и селекција на 10 учесници ( се прави врз основа на тестирањето и спроведување на кратки интервјуа со потенцијалните учесници)

Избраните учесници на летната школа „Биди Банкар“, ќе бидат известени најдоцна до 25 Јуни 2019.

На летната школа “Биди Банкар” немаат право на учество членови на семејствата на вработените во Банката.

ТРОШОЦИТЕ ЗА ХРАНА И СМЕСТУВАЊЕ ЗА СИТЕ УЧЕСНИЦИ ЌЕ БИДАТ ПОКРИЕНИ ОД СТРАНА НА БАНКАТА.

Повеќе информации за летната школа „Биди банкар“

Летната школа „Биди Банкар“ е проект на Охридска банка Сосиете Женерал наменет за сите заинтересирани студенти кои се последна година на своите додипломски студии или редовни студенти на постдипломски студии.

За прв пат во банкарскиот сектор во Македонија е организирана едукативна школа од ваков вид. Затоа, „Биди Банкар“ важи за уникатна летна школа која прв пат беше организирана во 2017 година, и од тогаш се организира секое лето, со амбиција да премине во долгорочна традиција.

Трета година по ред, школата нуди интензивна програма составена од реална практична работа во банкарското работење, тематски предавања, работилници за студија на случај, работа во секторите на Охридска банка Сосиете Женерал и овозможува предавања од врвни банкари, докажани професионалци од реномирани компании, како и интеракција, забава и натпревар.

Програмата на школата исто така вклучува и различни активности и работилници кои се насочени кон индивидуален развој на учесниците, обуки за меки вештини, комуникациски вештини, подготовка за кариерен развој итн., а сето тоа во насока на полесен пристап во бизнис светот.

Во суштина, школата има за цел да ги воведе младите кадри во банкарското работење преку практична работа, да го прошири знаењето на учесниците во повеќе области на банкарството и финансиите, потоа да ги подготви младите за пазарот на трудот, како и да овозможи едномесечно дружење, забава и учење кои ќе помогнат во понатамошниот кариерен развој на учесниците.

Процесот за аплицирање и учество на летната школа поминува низ 4 клучни фази:

  • Аплицирање за учество
  • Тестирање
  • Анализа и селекција
  • Избор на финалисти

Како општествена одговорна компанија, Банката ја создаде летната школа „Биди Банкар“ за да понуди едно ново искуство на сите заинтересирани млади за банкарското работење, притоа обезбедувајќи едномесечна програма во Охрид, која е во комплетна организација на Охридска банка Сосиете Женерал.

Трошоците за храна и сместување во текот на времетраењето на школата, се покриени од страна на Банката.

По завршување на школата, сите учесници добиваат Сертификат за учество на летната школа „Биди Банкар“.

Следи нѐ: